Салман Ружди е тргнат од респиратор и може да зборува

Салман Ружди/Фото EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Писателот Салман Ружди повеќе не е приклучен на респиратор и може да зборува, изјави неговиот менаџер Ендрју Вајли. Седумдесет и петгодишниот Ружди л пред два дена беше избоден на јавен настан во американската сојузна држава Њујорк и беше во критична состојба. Вајли претходно изјави дека Ружди би можел да изгуби едно око.

Познатиот писател  со години се соочуваше со смртни закани поради неговата книга „Сатански стихови“ од 1988, чија содржина некои муслимани ја сметаат за богохулна.

Нападот го изврши 24-годишниот Хади Матар, Американец со либанско потекло, кој вчера се појави во суд и формално беше обвинет за обид за убиство. Ружди бил избоден најмалку десет пати во лицето, вратот и стомакот. Матар се изјасни за невин по обвиненијата за обид за убиство и напад, како и дека делото е однапред планирано. Адвокатот на Хади Матар се изјасни во негово име на судскиот процес во западен Њујорк. Осомничениот пред судот се појави облечен во црно-бел комбинезон и бела маска за лице, а рацете му беа врзани пред него. Судијата нареди да биде задржан без кауција откако окружниот обвинител кажа дека Матар презел чекори за намерно да се стави себеси во позиција да му наштети на Ружди, добивајќи однапред пропусница за настанот каде што писателот требаше да говори и пристигнал еден ден порано со лажен документ за идентификација.

Нападот се случи 33 години откако тогашниот врховен водач на Иран, ајатолах Хомеини, издаде фатва или указ, повикувајќи на смрт на Ружди поради книгата „Сатански стихови“. Фатвата остана активна, иако иранската влада во меѓувреме се дистанцираше од неа.

Напаѓачот Матар е роден една деценија по објавувањето на „Сатански стихови“ и фатвата.

Пред нападот, Ружди требаше да одржи говор во образовниот центар Институција Чаутауква за тоа како САД служат како сигурно прибежиште за писателите кои се соочуваат со прогон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот