Сали Бериша: Моето враќање во политиката ќе биде најуспешно, како она на Стив Џобс

Сали Бериша / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Поранешниот премиер Сали Бериша во виртуелен разговор со граѓаните ги претстави своите намери по преземањето на власта. Во нивниот одговор Бериша изјави дека неговото враќање во владата ќе биде историско и успешно, споредувајќи се со Стив Џобс.

„Без сомнение, основата на нашиот труд е воспоставување на вредностите, семејството, достоинството, ниските даноци, функционирањето на правната држава. Сите спроведени промени го гарантираа функционирањето на пазарот. Во длабоките реформи но и искуството од грешките од минатото, ви гарантирам дека враќањето на Бериша на власт ќе биде најуспешното во историјата, не го споредувам со политичари туку со Стив Џобс, кој откако ја напушти компанијата се врати и му даде на светот подарок ipad и iPhone. Третото враќање ќе има кулминирачки моменти, се во интерес на Албанците“, рече Бериша.

Во исто време, тој потсети на достигнувањата на неговата влада и вети дека по преземањето на власта ќе го врати просперитетот.

„Успеавме да преминеме од групата со ниски приходи во групата со средни приходи, да бидеме најплатените луѓе на Балканот. Целта беше да се фати чекор со Словенците, бидејќи тие имаа највисоки плати во регионот. Оваа цел ја засновав на фактот дека во два мандата успеавме да ги оставиме позади балканските земји во однос на плати и пензии, зошто ниту една земја го нема богатството како Албанија и сакам да ја вратам  благосостојбата и просперитетот на нејзините граѓани. Останувам уверен во реализацијата на овие политики“, рече Бериша.

Во следната битка против Социјалистичката партија со Бериша овојпат ќе трча без официјниот печат на Демократската партија. Неговите кандидати се претставени во рамки на коалицијата „Заедно победуваме“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот