Салах најдобар фудбалер на сезоната во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Египќанецот имаше уште една фантастична сезона, воедно се наоѓа во трката за три трофеи и „Златната топка“.

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е прогласен за играч на актуелната сезона во Премиер лигата, во изборот на тамошното Здружение на фудбалски новинари.

Досега напаѓачот на „црвените“ одигра 31 натпревар во најсилната англиска лига и запиша 22 голови и 13 асистенции. Во сите натпреварувања 29-годишниот играч имаше 44 мечеви, постигна 30 голови и асистираше 14 пати.

Моментно на табелата во Премиер лигата составот на Јирген Клоп, кој го продолжи договорот со клубот од „Енфилд“, заостанува само еден бод зад водечкиот Манчестер сити.

Оваа сезона Редси го освоија Лига купот, а се во конкуренција и за титулите во Лигата на шампионите и ФА купот. Минатата сезона за најдобар фудбалер беше избран одбранбениот играч на Сити, Рубен Дијаш.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот