Фото: JOHN KELLERMAN / Alamy / Profimedia

Саграда Фамилија во Барселона е подготвена да ја подигне централната кула и да стане највисоката црква во Европа

Базиликата Саграда Фамилија, која е во изградба повеќе од еден век, е подготвена да ја подигне својата централна кула и да стане највисоката христијанска црква во Европа.

Кулата на Исус Христос, по завршувањето, ќе достигне 172 метри, надминувајќи го Улмскиот минстер во Германија, кој е висок 162 метри, објави „АП“.

Генералниот директор на базиликата, Ксавиер Мартинез, изјави дека кулата ќе биде завршена кон крајот на оваа или почетокот на следната година.

Кулата ќе биде крунисана со крст и ќе биде опкружена со пет други кули посветени на Марија и четирите евангелисти.

Работата на фасадите и ентериерот ќе продолжи во наредните години, со цел целата изградба да се заврши во следните десет години.

Следната година се навршуваат 100 години од смртта на архитектот Антони Гауди, кој ја дизајнирал црквата.

Планирани се настани во Барселона и низ цела Шпанија, а папата Лав 14-ти е поканет на миса во чест на Гауди на 10 јуни, денот кога почина во 1926 година.

Базиликата стана главна туристичка атракција, а приходите од билетите се користат за финансирање на завршните работи. Минатата година, Саграда Фамилија ја посетија 4,9 милиони луѓе, од кои 15 проценти беа од САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот