САД загрижени поради талибанците во Авганистан

EPA-EFE/JALIL REZAYEE

САД со голема загриженост гледаат како талибанските бунтовници ја преземаат контролата врз се поголема територија во Авганистан, додека американските сили се повлекуваат и се враќаат дома по наредбите издадени од претседателот Џозеф Бајден, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

– Време е авганистанските владини сили да вложат дополнителен напор и да ја одбранат својата земја. Ова е момент на одговорност, изјави Кирби за Фокс њуз Сандеј.

Скоро две децении САД го снабдуваа Авганистан со оружје и опрема во вредност од милијарди долари за самостојна одбрана на земјата, но сега е сè понеизвесно кој ќе ја преземе контролата по повлекувањето на САД.

Талибанците тврдат дека веќе контролираат 85 проценти од територијата, но владата во Кабул ги оспорува овие тврдења.

Кирби, сепак, не ја оспори проценката на Фокс њуз дека 13 милиони Авганистанци живеат под контрола на талибанците, 10 милиони под авганистанска влада и дури девет милиони во региони погодени од конфликти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот