САД тврдат дека нивни балони не летаат над Кина

Џон Кирби фото МИА

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби денеска ги негираше тврдењата на Пекинг дека балони со хелиум прелетале над Кина.

„Нашите балони не летаат над Кина. Тоа не е точно, едноставно апсолутно не е точно“, изјави Кирби.

Кина претходно соопшти дека американски балони на висока височина го прелетале кинескиот воздушен простор без дозвола 11 пати од почетокот на јануари 2022 година.

На прашањето како Кина реагирала на тие летови, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, рече дека одговорот на Кина на таквите инциденти е одговорен и професионален.

Пентагон соопшти дека борбен авион Ф-16 во неделата соборил неидентификуван објект над езерото Хјурон во американската сојузна држава Мичиген на границата со Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот