САД со проширен список санкции против украинско-руски лица и ентитети за вмешаност во изборите

Во списокот санкции на САД поради вмешаноста во изборите додадени се седум државјани на Украина и четири медиуми компании, соопшти денеска Мининстерството за финансии. 

Се работи за информативната агенција „Онли њуз”, сајтот „Nabu Leaks” на украинските компаниите  Era-Media TOV и Skeptik TOV. 

Седуммината физички лица и четирите ентитети се поврзани со украинскиот парламентарец Андреј Деркач против кого САД воведија санкции за вмешаност во изборите. Министерството за финансии го нарекува Деркач „руски агент”. Медиумите извршуваат поропагандна дејност за омаловажување на антикорупциските институции во Украина и ширење разни лажни информации и теории на заговор. 

Санкциите го блокираат капиталот на физичките лица и организации ставени во списокот.  Американски компании и државјани не смеат да вршат трансакции со нив и се „блокира работата на на секоја организација која е 50 отсто или повеќе во сопственост на лицата во списокот”.

Деркач летото 2020 година објави аудио снимки од разговори со гласови слични на гласот на претседателот на Русија, Владимир Путин, претседателскиот кандидат на Демократската партија, Џо Бајден, и поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко. Метеријалите тој наводно ги добил од Руди Џулијани, личен адвокат на претседателот на САД, Доналд Трамп, со цел да се наштети на кампањата на Бајден. Од Кремљ тогаш немаше коментари за снимките. Партијата на Порошенко, Европска солидарност, ги нарече „фејк”.

Министерството им препорачува на Американците начини како да разликуваат проверена информација од дезинформација. 

-Секоја информација добиена од социјалните мрежи треба интилигентно да се потврди со консултирање повеќе проверени извори на вести и информации, посебно кога изворот или сомнителниот извор на информација не е од САД, се вели во соопштението. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот