САД коментираа за руско-кинескиот лет со стратешки бомбардери додека Бајден беше во Токио

Руски бомбардери Алјаска
Руски бомбардери над водите на Алјаска/ Фото Screenshot Youtube

 Заедничкиот лет на руски и кинески стратешки бомбардери во Источна Азија покажува колку тесни врски имаат овие две земји, изјави висок претставник од американската администрација. 

-Ова значи дека Кина изгледа е спремна на тесна соработка со Русија, вклучително и во воената сфера, изјави протеставникот, пренесија некои американски медиуми. 

Додаде дека Кина не се дистанцира од Русија„ а напротив, тие воени вежби покажуваат на спремноста на Кина да помага на Русија да се заштитува на истокот додека војува на запад”. 

Русија од своја страна ја поддржува Кина околу нејзините територијални спорови со соседите во Источното и Јужнокинеското Море. 

Пекинг и Москва објавија за „безгранично” партнерство неколку недели пред Русија да започне инвазија на Украина. 

Кина досега не ја осуди руската воена агресија. 

За време на заедничкиот руско-кинески лет на стратешките бомбардери, рускиот Ту-95 и кинескиот Xian H-6, во Јапонија се наоѓаше американскиот претседател Џо Бајден.  

Тој денеска во Токио се сретна со лидерите на Австралија, Јапонија, и Индија, во рамките четиристраниот дијалог за безбедност, чија цел, меѓудругото, е и противдејствие на зголеменото влијание на Кина во регионот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот