САД до последен момент ќе се воздржат од санкции против Русија

Ентони Блинкен
Ентони Блинкен / Фото: EPA-EFE/Erin Scott

САД немаат намера да воведат санкции против Русија „до последен момент” за да не го изгубат ефектот на одвраќање. Ова денеска го изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, коментирајќи го повикот на украинскиот претседател Володимир Зеленски да се воведат веднаш санкции против Москва.

– Целта на санкциите е првенствено да ја одвратат Русија од започнување војна. Веднаш штом ќе ги наметнете, овој ефект ќе исчезне. Ние имаме намера да го задржиме овој одвраќачки ефект до последен момент, истакна Блинкен за Си-Ен-Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот