Руските пратеници сакаат да ја поништат советската одлука за давање на Крим на Украина

Крим / Фото: Arthur Lookyanov / Alamy / Alamy / Profimedia

Руските пратеници доставија до Думата, Долниот дом на Парламентот, предлог-закон за поништување на советската одлука од 1954 година со која полуостровот Крим, дотогаш дел од Русија, и беше предаден на Украина.

Овој потег треба да создаде правна основа за Русија да може да тврди дека Крим, полуостровот на Црното Море што го анектираше од Киев во 2014 година, всушност никогаш не бил дел од Украина.

Нацрт-законот, предложен од членовите на двата дома на рускиот Парламент, ја опишува одлуката од 1954 година како произволна и незаконска бидејќи не се одржа референдум, а советските власти немаа право, без согласност, да доделуваат територија од една конститутивна република на друга.

Не е соопштено кога ќе се расправа за предлог-законот.

Рускиот претседател Владимир Путин го осуди предавањето на Крим во 1954 година, кога на власт беше Никита Хрушчов, нарекувајќи го потегот кршење на тогашните закони.

Жителите на Крим, како и остатокот од Украина, гласаа со мнозинство за независност на референдум во времето на распадот на Советскиот Сојуз, а Русија и Украина меѓусобно си ги признаа границите.

Сепак, Москва ја презеде воената контрола на Крим во 2014 година и го анектираше на референдум што Украина и западните влади го сметаат за незаконски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот