Руски хакери се обиделе да ја нападнат веб-страната на НАТО, велат од Гугл

НАТО / Фото: МИА

Руски хакери неодамна се обидоа да навлезат во веб-страните на НАТО и министерствата за одбрана на некои источноевропски земји, се вели во извештајот објавен во средата на Групата за анализа на закани на Гугл, јави Ројтерс.

Во извештајот не е наведено кои министерства биле насочени во она што Гугл го опиша како „фишинг кампањи за акредитиви“ започната од група со седиште во Русија наречена Coldriver или Callisto.

„Овие кампањи беа испратени користејќи новосоздадени мејлови до профили кои не се на Гугл, така што стапката на успех на овие кампањи е непозната“, се вели во извештајот.

Од НАТО се уште не го коментирале случајот.

Русија, која сега е под тешки економски санкции од Западот по нејзината одлука да ја нападне Украина на 24-ти февруари, редовно ги негира обвинувањата за зголемени сајбер напади врз западни цели.

Во 2019 година, финската компанија за сајбер безбедност F-Secure Labs го опиша Калисто како неидентификуван и напреден актер за закана „заинтересиран за собирање разузнавачки информации поврзани со надворешната и безбедносната политика“ во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот