Руски гувернер тврди дека две села останале без струја по украински напад

Украина војници EPA-EFE/c

Две руски села во областа Курск останале без струја откако украинските сили наводно фрлиле две експлозивни направи врз трафостаница, изјави утринава регионалниот гувернер Роман Старовоит. Рускиот гувернер наведува дека поради нападот без струја останале селата Попово-Лежачи и Теткино.

Едно лице, тврди рускиот гувернер, кое работело на поправките завршило со полесни рани. „Тој сега е во болница и лекарите му ја даваат сета потребна помош“, објави рускиот гувернер Старовоит на својот канал Телеграм.

Курск е еден од руските региони чии лидери тврдат дека украинските сили сѐ повеќе го напаѓаат. Киев претходно негираше дека напаѓа руска територија. Извештаите за пожари, експлозии и други акти на саботажа во Русија и на украинските територии контролирани од руските сили станаа почести во последните месеци.

Некои аналитичари сметаат дека тоа би можело да има врска со долгоочекуваната украинска контраофанзива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот