Руски генерал побара од Путин оставка, и го обвини дека создава вештачки конфликт

фото ЕПА

Највисоко рангираниот пензиониран руски генерал го предупреди Владимир Путин да не војува со Украина, обвинувајќи го рускиот лидер дека создава вештачки конфликт со цел да го одвлече вниманието од проблемите со кои се соочува на внатрешен план во Русија

.Генерал полковник Леонид Ивашов напиша отворено писмо со наслов „Во предвечерието на војната“ во кое ја осудува како што ја нарече „криминалната политика на Путин за предизвикување војна“, и покрај тоа што Русија според него не се соочува со никакви „критични закани“.

Редок излив на внатрешно несогласување дојде во време кога францускиот претседател Емануел Макрон разговараше за кризата со Путин во Кремљ и еден ден откако советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан рече дека инвазијата може да се случи „секој ден“ со „огромна човечка цена“. .

Генералот Ивашов, кој се повлече од воената служба и е активен во политиката како претседател на Серуското офицерско собрание, претходно беше шеф за воената соработка на Путин во Министерството за одбрана, пренесува Ал Џезира.
Во отвореното писмо на веб-страницата на собранието, Ивашов изјави дека се плаши дека Русија ќе стане „омразена во светот доколку изврши инвазија и го повика Путин да поднесе оставка.

Одликуваниот генерал е еден од најпочитуваните и најрадикалните генерали во руското Министерство за одбрана и е познат како тврдокорен националист кој сè уште се залага за враќање на советскиот систем и е близок до остатоците од Комунистичката партија. Откако Путин го отпушти во 2001 година, тој стана жесток критичар на рускиот претседател – и често го повикуваше да поднесе оставка бидејќи бил премногу мек и ја штител корумпираната елита на сметка на јавноста, обвинувајќи го за „злосторства против Русија .

Неговата последна интервенција покажува дека во Русија има барем одредено противење за влегување во војна со Украина, а тоа доаѓа откако 5.000 граѓани потпишаа петиција со која побараа Путин да го прекине конфликтот. Ивашов рече:

 „Што се однесува до надворешните закани, тие секако се присутни. Но, според нашата експертска проценка, тие во моментов не се клучни, не го загрозуваат директно постоењето на руската државност и нејзините витални интереси“.

Коментирајќи го писмото, експертот за Русија од Стенфорд, Мајкл Мекфол, кој претходно беше американски амбасадор во Русија, изјави :

„Ова е одлична работа. „Руските генерали обично не се вклучени во дебатите за јавна политика, особено не оние како Ивашов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот