ВИДЕО | Рускиот амбасадор во БиХ: Како знаете дека немаме планови против Хрватска?

Игор Калабухов
Игор Калабухов /Фото: МИА

Амбасадорот на Русија во БиХ, Игор Калабухов вечерва гостуваше на босанската телевизија Фејс, каде зборуваше околу плановите на БиХ за членство во НАТО.

– Нам не ни пречи да влезете во НАТО. Тоа не е закана, можеби предупредување. Вие одлучувате. Тоа е како маѓепсан круг, веќе кажав… Да претпоставиме, на пример: БиХ станала членка на НАТО и Брисел одлучи да стави нуклеарни проектили насочени кон Москва. Ние ќе ја процениме стратешката ситуација и затоа јас мислам дека излезот мора да биде европски систем, а не НАТО, рече Калабухов.

На прашањето зошто на Русија „не ѝ пречат” околните и соседните земји кои се веќе дел од НАТО, тој одговори: „Како вие знаете дека немаме планови против Хрватска, Унгарија, Полска?”

– Имаме планови против НАТО. Ја проценуваме геостратешката ситуација, гледаме од каде доаѓаат заканите и реагираме, изјави рускиот амбасадор на прашањето на водителот „дали имате планови против Хрватска”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот