Руската РТ поднесе жалба до германскиот суд

РТ на германски/ Фото Paul Zinken / AFP / Profimedia

Руската телевизија РТ денеска објави дека поднела жалба до германскиот суд да ја укине забраната за нејзино емитување што ја налути Москва и ја натера да ги затвори просториите на германската телевизија Дојче веле во Русија, пишува Ројтерс.

Германското тело за надзор на медиумите МАББ и Комисија за лиценцирање и надзор (ЗАК) на медиумските институции соопштија дека каналот на германски јазик на РТ, РТ ДЕ, не може да емитува програма во Германија користејќи српска лиценца.

Германија забрани емитување на руската телевизија РТ на германски

Во соопштението објавено на социјалните мрежи, РТ ја опиша забраната како „незаконска“ и рече дека очекува таа да биде поништена.

Москва минатиот четврток соопшти дека ги затвора просториите на Дојче веле во Русија и ја одзема акредитацијата на нејзиниот персонал како одмазда.

Русија го забрани германскиот меѓународен радиодифузер Дојче веле

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот