Руската амбасада реагира: Османи ја прифати пропагандата на Киев, не ги спомена сите жртви на гранатирања

Пензионери седат на клупа на плоштад / фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Амбасадата на Русија во Скопје преку објава на Фејсбук реагираше на изјавите на министерот за надворешни работи Бујар Османи кој како претседавач со ОБСЕ го одбра Киев за своја прва дестинација. Од амбасадата велат дека Османи во Украина „шпекулирал за жртви на руската агресија, прифаќајќи ја пропагандата на режимот во Киев“.

„Претседавачот со ОБСЕ Бујар Османи вчера во Украина шпекулираше за ‘жртви на руската агресија‘, прифаќајќи ја пропагандата на режимот во Киев. Но, кога пристигна во Киев, војниците на Зеленски ги гранатираа Доњецк и Макеевка (во ДНР): има мртви, ранети сѐ уште беа под урнатините“, пишува во објавата на руската амбасада.

Оттаму уште реагираат дека Османи досега не споменал, како што велат, жртвите од гранатирањето од страна на украинските сили, како и сите загинати и ранети од агресијата на киевскиот режим врз Донбас од 2014 година, чиј број изнесува илјадници.

„Се работи за луѓето“, велите?, пишува во реакцијата од амбасадата.

Османи за време на посетата на Украина го осуди рускиот напад на станбена зграда во Днипро, каде што загинаа повеќе од 40 лица, вклучувајќи и деца и над 70 се ранети.

– Не постои оправдување ако континуирано се гранатираат цивилни цели. Ништо не може да оправда убивање цивили, попречување на транспорт на вода и храна, отежнување на работата на хуманитарните конвои. Ништо не може да оправда кога деца и бремени жени се оставени без греење, со недоволно храна – рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот