Русите му го „честитаа“ роденденот на Националниот музеј на уметност во Одеса со проектил

Напади врз Одеса / Фото: Titov Yehven/ABACA / Abaca Press / Profimedia

„Националниот музеј на уметност во украинскиот град Одеса на 6 ноември полни 124 години. Русите „му честитаа“ на нашиот архитектонски споменик со проектил кој падна во близина“, вели Олех Кипер, гувернер на регионот Одеса, на апликацијата за пораки Телеграм.

-Оштетени се ѕидовите на зградата, искршени се некои прозорски стакла, додаде тој.

Кипер подоцна изјави дека над градот биле уништени 15 дронови лансирани од Русија. Оштетени се неколку станбени шупи, а магацинот и камионите со жито беа зафатени од пожар, кој набрзо беше изгаснат.

Националниот музеј во Одеса, една од најстарите палати во градот, имаше повеќе од 10 илјади експонати пред војната, вклучувајќи слики од некои од најпознатите руски и украински уметници од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Градскиот совет објави снимка на која се гледаат скршени прозорци и остатоци во музејот.

На улиците до музејот, нападот остави дупка длабока неколку метри. Според градските власти, таму е повредено едно лице. Кипер рече дека сите пет повредени лица се хоспитализирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот