Русија се откажува од рестрикции за невакцинираните лица

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Руските власти денеска се откажаа од воведувањето ограничувања за невакцинираните граѓани, што беа објавени минатиот месец и наидоа на остри критики во јавноста.

Претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, денеска изјави дека од парламентарна процедура се повлекува законот со кој на невакцинираните лица ќе им се забрани да патуваат со авион или воз.

-Мораме да балансираме кога носиме такви одлуки, бидејќи треба да го почитуваме мислењето на народот, рече Володин.

Неколкуте бранови од епидемијата на коронавикрусот силно ја погодија Русија, бидејќи процентот на вакцинирани е сè уште низок, а луѓето малку ги почитуваат препораките и ограничувањата.

Помалку од 50 отсто од 146-те милиони граѓани на Русија се вакцинирани, иако земјата беше меѓу првите што разви и одобри вакцина против коронавирусот.

Рестриктивните мерки требаше да стапат во сила во февруари следната година, но граѓаните веднаш изразија незадоволство од одлуката со протести и потпишани петиции против новите мерки.

Од почетокот на пандемијата во оваа земја Ковид-19 беше регистриран кај повеќе од 10 милиони лица, а околу 289.000 починаа.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот