Русија предупредува: Артикот може да стане бојно поле по одлуката на Финска и Шведска за членство во НАТО

Апликациите на Шведска и Финска за членство во НАТО/ Фото EPN / Newscom / Profimedia

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката на Финска и Шведска да влезат во НАТО може да го претвори арктичкиот регион во меѓународно бојно поле.

Рускиот дипломат Николај Корчунов изјави дека Шведска и Финска претходно биле одговорни за безбедноста на Арктикот, но нагласи дека нивниот влез во НАТО воопшто нема да придонесе за мирот и безбедноста во арктичкиот регион.

– Гледаме дека меѓународната воена активност се зголемува на Арктикот. Постои таканаречена интернационализација на воените активности. Ова е, се разбира, многу вознемирувачки тренд што го претвора Арктикот во меѓународна арена на воени операции. Тоа не може а да не не’ загрижи, рече Корчунов.

Тој, меѓудругото, нагласи дека фактот што Шведска и Финска се неутрални држави придонесе за мирот и стабилноста во регионот на Арктикот.

– Традиционалните политики на Финска и Шведска, политиките на неврзаност, одамна создадоа цврста основа за мир и стабилност во овој дел од светот. Потенцијално е малку веројатно дека пристапувањето на овие земји во НАТО ќе придонесе за оваа цел, заклучи рускиот дипломат.

Како Турција го расипа историскиот момент на НАТО со Финска и Шведска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот