Русија очекува крај на епидемијата до 24 август

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Научниците од универзитетот за технологија и дизајн во Сингапур прогнозираат дека епидемијата на коронавирусот во Русија ќе заврши до 24 август, сведочат ажурираните податоци на Универзитетот.

Како што се наведува, ова не е првпат датумот да се поместува.

Научниците претходно предвидуваа дека епидемијата во Русија ќе заврши на 12 август, а потоа датумот го поместија на 17 август.

Како што истакнуваат авторите на моделот, датумите можат да се померуваат во било кој правец во зависност од преземените мерки.

Во последните три дена бројот на забележани случаи коронавирус во Русија премина десет илјади на ден.

Научниците исто така предупредуваат дека земјите кои прерано ги укинуваат рестриктивните мерки ризикуваат да се соочат со нов бран на зараза.

Експертите анализирале податоци од 131 држава. За прогнозирање е користен главно моделот СИР – математички модел на ширење на инфекцијата.

Авторите на моделот истакнуваат дека треба да се има внимателност спрема било какви прогнози и во исто време предупредуваат на опасност од „претеран оптимизам“.

Во Русија досега се регистрирани околу 155.000 случаи на коронавирус. Околу 1.500 луѓе починаа, а излечени се 20.000 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот