Русија може да ја дестабилизира Молдавија за да го блокира коридорот за жито од Украина

unsplash
Жито/ Фото: МИА

Кремљ може да ги продолжи напорите да го искористи Приднестровје за да ја дестабилизира Молдавија и да го поткопа украинскиот извоз на жито долж западниот брег на Црното Море, објави Укринформ, повикувајќи се на публикација на Институтот за проучување на војната.

Ројтерс објави дека рекордни 36 милиони тони жито биле испорачани од романското црноморско пристаниште Констанца во 2023 година. Околу 40% од испораките биле со украинско жито. Украинските напади врз средствата на руската Црноморска флота ја принудија руската морнарица да повлече некои бродови од својата главна база во привремено окупираниот Севастопол во западен Крим, според IIV.

Ова, пак, придонесе за ефикасноста на Црноморскиот коридор за жито за Украина, а меѓународната поддршка за овој коридор продолжува да расте, и покрај повлекувањето на Русија од иницијативата за жито во Црното Море и и покрај воената закана од агресорот, посочува Укринформ, пренесе БТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот