Русија лансирала 45 дрона врз Киев и јужна Украина

Фото: Farsnews.ir / Wikimedia

Русија извршила напади со беспилотни летала врз Киев и јужна Украина, при што е ранет најмалку еден цивил, а оштетени се згради и гасовод во пристаништето Миколаив, објави утрово украинската армија.

Украинските системи за противвоздушна одбрана уништиле 40 од 45-те ударно беспилотни летала „шахид“.

– Воздушната тревога во главниот град траеше речиси два часа, напиша на Телеграм Серхиј Попко, шеф на воената администрација во Киев.

Тој додаде дека сите дронови над Киев биле соборени при приближувањето. Според првичните информации, нема жртви или разурнувања во главниот град или во неговата околина. Тревогата во Киев заврши пред 4 часот наутро.

Јужната воена команда на Украина објави дека нејзините системи за противвоздушна одбрана биле ангажирани повеќе од пет часа и уништиле 26 беспилотни летала „шахид“, лансирани од Русија над неколку јужни региони, главно над регионот Миколаив близу Црно Море.

Најмалку еден цивил е повреден во нападот на југот на Украина, соопшти армијата.

– Приоритет за непријателот повторно беше крајбрежниот појас на инфраструктура и агроиндустриски капацитети – соопшти војската.

Остатоци од соборениот дрон и ударниот бран оштетија станбени згради и гасовод во Миколаив, информира воената команда. Четири беспилотни летала биле соборени над црноморското пристаниште Одеса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот