Русија ќе посегне по нуклеарното оружје само ако ѝ е загрозено постоењето, вели Песков

дмитриј песков
Дмитриј Песков / EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку биде загрозено нејзиното постоење.

Песков наведува дека целта на руската инвазија врз Украина не е окупација на земјата, пренесе Тасс.

Портпаролот Песков изјави дека никој не мислел дека „специјалната воена операција” во Украина ќе трае само неколку дена и дека целата кампања се уште се планира.

Запрашан за нуклеарното оружје, што постојано му се поставува како прашање од почетокот на руската инвазија, Песков кажа дека Русија ќе го употреби само доколку биде загрозено нејзиното постоење како држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот