Фото: МИА

Русија го напаѓа регионот Одеса, петмина повредени, пожари од големи размери

Пет лица се повредени во напад со руски дрон во текот на ноќта во регионот Одеса, објави Украинската државна служба за вонредни ситуации.

Според соопштението, избувнале пожари од големи размери, гореле две станбени згради, административна зграда и бензинска пумпа, објавува УНН.

Пожар од големи размери избувнал и на територијата на објект на пристанишна инфраструктура, гореле контејнери со растително масло, возила и дрвени пелети, објавува агенцијата.

83 спасувачи учествувале во отстранувањето на последиците, распоредени се 18 единици противпожарна опрема и противпожарен робот на Државната служба за вонредни ситуации, како и четири волонтери и противпожарен камион.

Шефот на Регионалната државна администрација на Одеса, Олег Кипер, објави дека повеќе од 30 илјади претплатници останале без електрична енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот