Русија бара плаќање во рубљи, европските држави тоа го сметаат за „уцена”

Руски рубљи, Фото: Profimedia

Претседателот на Русија Владимир Путин потпиша денеска одлука со која се бара од странските купувачи да плаќаат во рубљи за рускиот гас од 1 април или се заканува дека ќе ги прекине нивните договори. Тој потег што европските држави го сметаат за „уцена”.

Тој потег е одмазда за западните санкции наметнати на Русија поради нејзината инвазија врз Украина. Москва, која вели дека спроведува „специјална воена операција” во Украина, ги опишува западните мерки како економска војна. Присилувањето на западните земји да плаќаат во рубљи ќе го ублажи влијанието на санкциите врз девизните резерви на Русија и ќе ја зајакне рубљата.

Досега оваа година Европа трошеше од 200 до 800 милиони евра дневно на руски гас, а претворањето на таа сума во рубљи би било огромен поттик.

Европа во голема мера се потпира на Русија за нејзините енергетски потреби и повеќе од 40 отсто од гасот доаѓа од Русија. Ако Москва одлучи да ги затвори вентилите, тоа може да предизвика недостиг, затворање на постројки и високи цени на енергијата низ целиот регион.

Германија, најголемата европска економија, веќе има активирано итен план што може да значи рационализирање на енергијата доколку испораките на гас станат премногу ниски.

Цените на холандскиот гас, европскиот репер, веќе достигнаа рекордно високо ниво оваа година поради загриженоста за снабдувањето, зајакнувањето на инфлацијата во регионот и зголемувањето на ризикот од рецесија.

Западните земји нагласуваат дека плаќањето во рубљи би ги прекршило договорите за кои би биле потребни месеци за повторно преговарање. Но, ако преминат – Одлуката на Путин предвидува Газпромбанк да биде посредник во трговијата со гас.

Странски купувач сега е должен да префрли девизи на специјална, т.н „К”, банкарска сметка. „Газпромбанк” потоа ќе ги купи рубљите во име на купувачот на гас за да ги префрли рубљите на друга посебна сметка „К”, се вели во одлуката.

На почетокот на овој месец, Британија ја стави Газпромбанк на својата листа на забранети ентитети. Таа не беше вклучена во наредбата на ЕУ за исклучување на некои руски банки од системот SWIFT.

Засега не е јасно што следува. Русија ќе мора физички да го прекине снабдувањето со гас за Европската унија за да го форсира тоа прашање. Во меѓувреме, Европската унија би можела да ги зголеми своите влогови со ограничување на рускиот извоз на енергија.

Европската комисија подготвува нови санкции против Кремљ, изјавија извори од ЕУ, а нивниот обем зависи од ставот на Москва за плаќање на гасот во рубљи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот