Руди Џулијани суспендиран од вршење на адвокатска дејност

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Апелацискиот суд во Вашингтон го суспендираше Руди Џулијани, поранешен адвокат на Доналд Трамп, од адвокатска дејност, откако беше утврдено дека изнесувал лаги за претседателските избори во 2020 година.

Судот издаде наредба пред две недели, со која се бара одземање на лиценцата на Џулијани, откако тој тврдеше дека претседателските избори биле наместени и украдени на штета на Доналд Трамп.

Апелациското одделение во Њујорк соопшти дека лажното тврдење на Џулијани го загрозило јавниот интерес и ја нарушило довербата на јавноста во изборниот процес.

По пресудата, Џулијани изјави дека ќе излезе на суд и ќе се бори против суспензијата во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот