Рубљата на најниско ниво од првите денови на војната во Украина

Херсон рубља
Фото: ЕПА

Вредноста на руската валута, рубљата денеска го достигна најниското ниво од првите недели од војната во Украина, бидејќи Москва ги зголемува воените трошоци и санкциите на Западот го оптоваруваат нејзиниот извоз на енергенси.

Еден доларот утрово чинеше 101 рубља, па продолжува падот на вредноста на руската валута за повеќе од 25 отсто во однос на почетокот на годината.

Тоа е најниската вредност на рубљата во изминатите 17 месеци.

Економскиот советник на претседателот Владимир Путин, Максим Орешкин денеска во авторски текст за државната новинска агенција Тасс за слабата рубља ја обвини „лабавата монетарна политика“.

Орешкин изјави дека силната рубља е во интерес на руската економија и дека слабата валута „го отежнува економското преструктурирање и негативно влијае на реалните приходи на луѓето“.

Руската централна банка утре ќе има седница поради вредноста на рубљата.

Рубљата, која изгуби околу една четвртина од својата вредност во однос на доларот откако Путин ја нападна Украина во февруари 2022 година, достигна 100,9950 за американски долар, што е нејзината најниска вредност во речиси 17 месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот