РСС: Невработеноста на младите на Западен Балкан е над 33 отсто, двојно повеќе од просекот во ЕУ

Фото: РСС

Еден од тројца млади лица на Западен Балкан се невработени, што е двојно повеќе од стапката на невработеност во Европската Унија која изнесува 17 отсто.

Притоа, еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат младите лица во земјите од Западен Балкан се неадекватните можности за вработување, соопшти Советот за регионална соработка (РСС) на Конференција посветена на младите на Западен Балкан, што се одржува денеска и утре во Будва, Црна Гора.

Повикувајќи се на податоци од Балканскиот барометар 2022, реномирано истражување на јавното мислење на граѓаните и бизнисот што секоја година го спроведува РСС, тоа се одразува и на растечката загриженост на јавноста поради одливот на квалификувана работна сила од земјите од регионот. Сега таква загриженост изразиле 18 отсто од испитаниците, додека пред пет години таа бројка била само 10 отсто.

На конференцијата посветена на вработувањето на младите на Западен Балкан, под името Нека се слушне гласот – Регион креиран за млади, учествуваат повеќе од 40 претставници на младите и креатори на политиките од 6 земји, кои ги претставија можните решенија на прашањата со кои се соочуваат младите при активното барање работа, односно невработеноста. Во рамките на младинските лаборатории посветени на проблемот со невработеноста, претставниците на младите од земјите од Западен Балкан досега усвоија и изнесоа 11 препораки до властите на земјите од регионот како да се надмине овој проблем, беше соопштено на Конференцијата.

Оваа 2022 година од страна на Европската унија е прогласена за година на младите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот