Роналдињо е слободен човек

Крај за проблемите со законот за поранешниот бразилски репрезентативец.

На поранешниот фудбалер на Барселона, ПСЖ, Милан, вчеравечер конечно му беше дозволено да го напушти домашниот притвор што го издржуваше во луксузен хотел во Асунсион, Парагвај.

Роналдињо заедно со неговиот брат Роберто де Азис беа уапсени на 6. март кога се обидоа со лажни пасоши да влезат во Парагвај.
Роналдињо во затвор помина 32 дена, а откако плати кауција во висина од 1.6 милиони долари беше пуштен во домашен притвор кој го издржуваше во хотел во Асунсион.

Како што пренесува Ројтерс, судот во Асунсион се согласил да ги повлече обвинувањата против Роналдињо и го ослободи од било каква одговорност за криминалниот акт за кој се правдаше дека не знаел оти пасошите биле фалсификувани. Исто така Роналдињо е должен да плати 90.000 долари за судски трошоци, а сумата ќе биде доделена на хуманитарни организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот