Ромни на протестот против расната дискриминација во Вашингтон

Тој укажа дека се потребни реформи и запирање на полициската бруталност.

 Мит Ромни, републикански сенатор од Јута, вчера се појави на демонстрациите во Вашингтон против полициската бруталност и убиството на Афроамерикенцот Џорџ Флојд од Минесота.
Ромни е првиот републикански сенатор кој се појави на протестите и го поддржа движењето „Црните животи имаат важност”.

Сенаторот сподели твит фотографија како маршира со толпата со наслов Black Lives Matter.

Тој укажа дека се потребни реформи и запирање на полициската бруталност.

Како и претходно, Ромни се става наспроти политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, кој минатата недела имаше намера насилно да ги растера протестите во Вашингтон. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот