Романија е во состојба на епидемиолошка тревога

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Романија нема да прогласи епидемија на грип, иако државата е во состојба на епидемиолошка тревога, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство на таа држава Александру Рафила.

„Не сакам на кој било начин да се вратам на дискусиите поврзани со карантин и изолација. Претпочитам препораки отколку ограничувања“, истакна Рафила и им препорача на Романците да носат маски во затворени простори.

Во меѓувреме, Националниот центар за надзор и контрола на заразни болести при Националниот институт за јавно здравје соопшти за први смртни случаи од грип во Романија. Станува збор за 25-годишна жена од Букурешт со потврден вирус на грип од типот А и уште една 50-годишна жена, исто така од Букурешт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот