Ролан Гарос: Ѓоковиќ му препушти само пет гема на Галан

epa08718245 Novak Djokovic of Serbia in action against Daniel Elahi Galan of Colombia during their men?s third round match during the French Open tennis tournament at Roland ?Garros in Paris, France, 03 October 2020. EPA-EFE/YOAN VALAT

Првиот носител на грен слем турнирот во Париз се пласира во осминафиналрто откако го совлада Даниел Галан со 6:0,6:3,6:2.

Новак Ѓоковиќ по 11. пат едноподруго ќе игра во осминафиналето на Ролан Гарос, откако работата во третото коло ја заврши за два часа и седум минути.
Ѓоковиќ одлично го започна дуелот со Галас, ги освои сите 10 поени кога отсервира прв сервис, а направи и 10 винери кои беа доволни за убедлив триумф од 6:0 во првиот сет.

Во вториот сет отпорот на Колумбиецот беше далеку поголем, но искуството и квалитетот на најдобриот тенисер на светот беше пресудно за да го освои и вториот сет.

На стартот од третиот сет, Галан се закани и имаше две брејк топки но не успеа да ги реализира. За казна Ѓоковиќ веднаш направи брејк, поведе со 3:0 и рутински го приведе мечот до крајот.

Дуелот го одбележа прекинот поради дождот и критиките на Ѓоковиќ кон организаторот. Српскиот тенисер бараше веднаш да се затвори кровот на теренот „Филип Шатрие“ но организаторите не го послужаа и тоа можеше да доведе до повреда на Галан кој во еден момент се лизна, но за среќа избегна повреда.


Потоа Ѓоковиќ ја зеде четката и помогна да се поправи оштетениот дел од теренот.


Нареден противник на српскиот тенисер ќе биде Карен Качанов кој во четири сета (6:2,3:6,6:4,6:2) го победи Гарин од Чиле.

Пласман во осминафиналето без многу борба обвезбедија Григор Димитров и Стефанос Циципас бидејќи нивните противници, Бедене односно Карбаљес Баена ги предадоа дуелите во третиот сет.

Кај дамите Петра Квитова во два сета со 7:5,6:3 беше подобра од Фернандез, додека поранешната шампионка на Ролан Гарос, Јелена Остапенко е елиминирана од Бадоса (4:6,3:6).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот