Родителите со петиција бараат конкретни мерки за безбедност на децата во Дебар Маало

Градоначалникот Горан Герасимовски низ Дебар Маало/Фото: Општина Центар

Родители на ученици од основното училишта „Коле Неделковски“  со петиција побараа полицијата редовно да патролира на локациите во општина Цнетар каде се собираат младите, нивна едукација за препознавање на деликвентни појави и разни облици на насилство и педофилија, видео надзор и контрола во и надвор од училиштата, како и измени на законите со цел да се формира комунална полиција во рамките на локалната самоуправа.

Општина Центар им даде целосна поддршка на потписниците на петицијата , во која како родител се потпиша и градоначалникот Горан Герасимовски.

Петицијата која е доставена до МВР, МОН, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за локална самоуправа и Општина Центар е резултат на загриженоста на родителите за безбедноста на децата во реонот на Дебар Маало откога пред два месеци тие алармираа за насилство и девијантни однесувањана малолетници.

Општина Центар е отворена за институционална соработка со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните за безбедност на нивните деца, по алармот на родителите и по немилите настани кои се случија во реонот на Дебар Маало и кругот на училиштето „Коле Неделковски“.

Педофили, дрога, алкохол циркулираат низ Дебар Маало, родителите се загрижени и бараат поголемо полициско присуство на „Дрвен“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот