Родители во Хрватска покренаа кампања против враќање на децата во училишни клупи

epa08598987 Palestinian students wear face masks as they listen to their teacher during a a lesson at the Modern English School in the West Bank city of Nablus, 12 August 2020. EPA-EFE/ALAA BADARNEH

Родителите, кои не сакаат нивните деца да одат на часови во вакви услови, се организирале на Фејсбук како група „Безбедност пред се, можност за избор на часови преку интернет 2020/21″.

Група родители во Хрватска почнаа кампања против физичко присуство на децата на училиште, во услови на влошената епидемиолошка состојба во државата и побараа од нив да им се даде можност да одлучат дали ќе ги пуштат своите деца да одат на училиште.

Министерството за наука и образование ќе инсистира на тоа наставата во училиштата да се одвива нормално од 7 септември, освен ако до следната недела растот на присуството на коронавирусот не е толку голем, да се доведе во прашање таквата одлука”, велат од ресорното министерство.

Сепак, како што пишува Нови лист од Ријека, 180 новозаразени лица во Хрватска не одат во прилог на Министерството.

Родителите, кои не сакаат нивните деца да одат на часови во вакви услови, се организирале на Фејсбук како група „Безбедност пред се, можност за избор на часови преку интернет 2020/21″.

Тие практично вршат притисок врз Министерството самите да одлучат дали да ги остават своите деца да одат на училиште или да ги следат лекциите преку интернет од нивните домови.

Групата на социјалните мрежи е основана, како што е објаснето, затоа што некои родители не сакаат некој друг да одлучи за безбедноста и здравјето на нивните деца.

„Ние веруваме дека спасувањето на нашата економска состојба не смее да биде приоритет над здравјето на нашите деца и нивните членови на семејството”, објаснуваат родителите од групата што е основана на 8 август и веќе има над илјада членови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот