РКЕ: Пенали за компаниите, ако не ги греат граѓаните

Регулаторната комисија за енергетика подготвува предлог-измени во Законот за енергетика, со кои ќе побара поголеми ингеренции и прецизирање на надлежноста во за изрекување повисоки казни кон операторите на дистрибутивните системи, доколку поради нивна неажурност и лоша организација ги оставиле потрошувачите без греење во време на грејна сезона.

– Мора да ги зголемиме нашите ингеренции и да можеме да изрекуваме сериозни казни кои ќе бидат врзани со  процент од вкупен приход што го остваруваат енергетските компании, што е и сугестија од Енергетската заедница. Сега, овие казни се многу мали и незначајни за нив и се од 5 до 7.000 евра во зависност од делото. Со зголемување на казните, ќе делуваме превентивно и ќе се дисциплинираат операторите на дистрибутивните системи да не се чувствуваат комотно и сериозно да ја сфатат својата улога, а со тоа ќе ги заштитиме потрошувачите. Дополнително, измените ќе бидат и во насока веднаш да може да добијат пониски сметки, доколку не ја добијат услугата, а не како сега на крај од грејната сезона во порамнителните сметки –  изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот