Рјабков: Чекаме официјални конечни резултати во САД, не сакаме да избрзуваме

Фото: EPA-EFE/THOMAS PETER / POOL
Русија чека објавување на конечните резултати од изборите во САД, а сите протоколарни чекори пред тоа би биле предвремени, изјави заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
– Ние строго се придржуваме до сите внатрешни процедури што постојат во САД. Резултатите од изборите сè уште не се објавени. Според тоа, веруваме дека сите протоколарни чекори во врска со изборите во овој момент ќе бидат предвремени, рече Рјабков.
Претседателските избори во САД се одржаа на 3 ноември, а резултатите покажуваат дека победи демократот Џо Бајден. Актуелниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп тврди дека имало неправилности во пребројувањето на гласовите во клучните земји, поради што поднесе жалба до Врховниот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот