Резолуцијата на арапско- исламскиот самит во Ријад со сила осуда за војната на Израел

Градот Газа е речиси целосно разурнат уште пред да почне израелската копнена акција - Фотографија Profimedia

Резолуцијата, која беше усвоена денеска на големиот регионален арапско-исламски Самит во Ријад, повикува на итен прекин на, како што наведува „израелската агресија врз Газа, како и на запирање на „воени злосторства и варварски, брутални и нехумани масакри“, пренесува американската телевизија Си-Ен-Ен.

Во соопштението за печатот се наведува дека Самитот го отфрла описот на оваа војна „како форма на самоодбрана“ и бара итен влез на конвои со хуманитарна помош, вклучувајќи храна, лекови и гориво.

Во Резолуцијата се повикува Меѓународниот кривичен суд да ги истражи наводните воени злосторства и злосторства против човештвото извршени од Израел против палестинскиот народ на сите окупирани палестински територии.

Ги повикува сите земји да престанат да извезуваат оружје и муниција во Израел што ги користи неговата армија и „терористичките доселеници кои убиваат Палестинци и ги уништуваат нивните домови“.

Во Резолуцијата се вели дека единствениот начин да се гарантира безбедност и стабилност за луѓето во регионот е „праведен, траен и сеопфатен мир“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот