Ревидираниот отчет и можниот влез на Алијанса во Владата на состанокот во Мала Речица

Седиштето на ДУИ во Мала Речица, тетовско / фото: МИА

Демократската унија за интеграција денеска во партиското седиште во Мала Речица ќе го одржи продолжението на конститутивната седница на новиот состав на партиското Централно претседателство. На состанокот, според најавите на „огнените“ ќе се расправа за ревидираниот извештај за отчетот на министрите за сработеното, но и евентуалниот влез на Алијанса во Владата.

ДУИ на конституивната седница почната на 30 октомври, која траеше речиси 12 часа, беше посветена на оценување на работата на партиски членови кои се функционери во извршната власт.

– Конструктивна дебата, прва конститутивна седница, се исцрпија точките во кои се именуваа структурите на ЦП и се даде отчетот на Извршната власт после тоа следеше разгледување на извештајот посветувајќи се на потребите на луѓето на секој проект поединечно и како да се подобри ефикасноста во имплементација на тие проекти во функција на граѓаните, така што дебатата продолжува на 19 ноември со цел да се исцрпи целата расправа и понатаму продолжуваме, изјави по средбата партискиот портпарол Бујар Османи.

На состанокот на Централниот совет на ДУИ одржана во Тетово на 15 октомври, за потпретседатели на партијата беа избрани Изет Меџити, Арбер Адеми, Бајрам Реџепи и Арбана Пашоли. Блерим Беџети е избран за организативен секретар, а Фатон Ахмети за генерален секретар и Саранда Имери, секретар за еднакви можности.

Додека, пак, за во Централниот совет беа избрани Али Ахмети, Рамиз Мерко, Јетон Шаќири, Фатмир Дехари, Крешник Бектеши, Талат Џафери, Невзат Бејта, Валдет Џафери, Теута Арифи, Џеват Адеми, Артан Груби, Бујар Османи, Висар Ганиу, Назим Буши, Ејуп Халими, Ариан Даци, Бесник Емшиу, Мирсад Ибраими, Ардита Дани, Билент Сали, Реси Абдурахмани, Шергил Беќири, Шабан Мемети, Артин Спахиу и Емир Сулејмани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот