Републиканците го одбија законот за привремено финансирање, на повидок затворање на американските владини агенции

Сенат на Соединетите Американски Држави / EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Тврдокорните републиканци во Претставничкиот дом на САД ноќеска го отфрлија предлог-законот на нивниот лидер за привремено финансирање на владата со што е речиси сигурно дека федералните агенции делумно ќе се затворат, почнувајќи веќе од утре.

Со 232 гласа „против“ и 198 „за“ Претставничкиот дом ја отфрли мерката со која би се продолжило финансирањето на владата за 30 дена и би се спречило затворањето. Тој законот требаше да ги намали трошоците и да ја ограничи имиграцијата, републикански приоритети што имаа мали шанси да поминат во Сенатот, што е под контрола на демократите.

Поразот ги остави републиканците – кои го контролираат Претставничкиот Дом ( 221-212 мандати) – без јасна стратегија за избегнување на затворањето, што ќе ги затвори националните паркови, ќе ги прекине платите за околу четири милиони вработени во федералните служби и ќе попречи сè- од финансиски надзор до научни истражувања, доколку не се обезбеди продолжено финансирање на владата.

По гласањето, претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти кажа дека Претставничкиот дом сè уште може да го изгласа продолжувањето на финансирањето без конзервативната политика што ги одалечи демократите. Но, тој одби да каже што ќе се случува понатаму. Домот се очекува и денеска да одржи дополнителни гласања.

-Неуспех е само ако се откажете, им изјави Мекарти на новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот