Репрезентативец на Јужна Африка убиен при кражба на неговиот автомобил

Фото: Kaizer Chiefs

Jужноафричкиот фудбалер, Лук Флорс е убиен во обид за грабеж на неговиот автомобил на бензинска пумпа во Јоханезбург, потврди неговиот клуб Каизер Чефс.

„Со огромна тага објавуваме дека фудбалерот на Каисер Чефс, Лук Флорс трагично го загуби животот во обид за грабеж на неговото возило во Јоханезбург“, објави клубот на социјалните мрежи.

Полицијата соопшти дека 24-годишниот фудбалер чекал во својот автомобил кога две вооружени лица го нападнале.

„Осомничените му се заканувале со пиштол и го натераа прво да излезе од возилото пред да пукаат во него во горниот дел од телот. Еден од осомничтените го земал автомобилот на Лук и заминал со него“, изјави портпаролот на полицијата.

Во својата кариера Флорс настапи за репрезентацијата на Јужна Африка на Олимписките игри во Токио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот