„Реплек фарм“ прослави 20 години постоење: Отвораме ново поглавје во македонско-австриската соработка

реплек
Фото: Реплек фарм

Компанијата„Реплек фарм“ го прослави своето дведецниско постоење и својата, исто толку долга, соработка со Австрија. По тој повод, австрискиот амбасадор д-р Георг Вуцас ги посети производствени капацитети на компанијата.

Амбасадорот Вуцас, потенцираше дека на политички план заложбите на неговаат земја се Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ што е можно побрзо, а на економски план, особено сега во време на пандемија, да се направи нов европски почеток. Притоа, Вуцас потенцираше дека е многу значјана соработката со „Реплек“ затоа што тоа е компанија која овозможува превентива и подобро здравје на населението.

Австрискиот амбасадор Вуцас заедно со новиот генерален директор на „Реплек“ Душан Поцовски најавија и нови можности за соработка., оценувајќи дека  „Реплек“ може да стане мост меѓу компаниите од Австрија и Северна Македонија во врска со пламанот на производите од двете земји.

– За ваквата соработка постои голем интерес од двете страни, а веќе се започнати и преговори. Планираме капитални инвестиции во нашите капацитети кои ќе вклучат австриски компании, ресурси и ноу-хау, пласман на нашите производи во Австрија, како и пласирање на австриски производи на македонскиот пазар. За оваа соработка да биде уште посилна и постабилна, секако е потребна и добредојдена поддршката на австриската амбасада како и на стопанските комори на двете земји. Продолжуваме да растеме, се модернизираме и посветено работиме на остварување на нашата цел- изјавија од „Реплек“ на денешната свеченост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот