Реновираната бензинска станица на „Макпетрол” во Тетово е пуштена во употреба

Инвестирањето во своите капацитети, како и постојаното подобрување на понудата и на услугите за потрошувачите се приоритети на „Макпетрол” и во таа насока, компанијата неодамна целосно ја обнови и ја пушти во употреба бензинската станица во Тетово.

Снабдувањето со нафтени деривати, гас и био-горива отсега граѓаните ќе го прават во станица со современ и функционален изглед, која што ги исполнува највисоките технички и безбедносни стандарди.

На обновената бензинска станица во Тетово се достапни квалитетните ULTRA горива на „Макпетрол”. Новата генерација на овие горива е базирана на технологијата Dual Action, а на бензинската се достапни тие со 95 и 100 октани, дизелот, како и ТНГ (течен нафтен гас) и AdBlue. Исто така, во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман.

Kако најголем дистрибутер на горива во земјата, „Макпетрол” континуирано ги обновува бензинските станици. Преку овие инвестиции компанијата редовно ја подобрува и осовременува мрежата на услужни објекти, а тоа ја потврдува посветеноста на задоволување на потребите на потрошувачите.

Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот