Ремдесивирот отфрлен како лек против ковид-19 и од новата препорака на СЗО

epa08524537 (FILE) - A medical worker checks bottles of the antiviral drug Remdesivir for patients infected with SARS-CoV-2 coronavirus at Seoul National University Hospital, in Seoul, South Korea, 03 June 2020 (reissued 03 July 2020). According to reports, the EU has approved Remdesivir as treatment for severe cases of Covid-19. EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Светската здравствена организација го обнови водичот за лекување на Ковид-19  при што препорачува да не се применува „Ремдесивир“ за лекување на хоспитализирани пациенти, без оглед во која фаза од болеста се, објави Си Ен Ен.

Експертите нагласуваат дека има сериозни нус ефекти од овој лек.

Ремдесивирот е создаден во текот на епидемијата на ебола во Африка и е продаван од лабораторијата Гилиад под трговското име „Веклури“.

Според новиот ревидиран правилник, објавен во четвртокот во  медицинскиот журнал БМЏ, нема докази дека ремдесивирот го намалува ризикот од смртен исход кај заразени од ковид-19 или пак на оние на кои им треба механичка вентилација.

Новиот правилник на СЗО доаѓа еден месец откако компанијата Gilead Sciences, произведувачот на ремдесивир, објави дека американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри ремдесивирот како лек против инфекцијата од коронавирус. Овој антивирусен лек стана првиот лек против корона кој доби одобрение од ФДА. Во четвртокот ФДА даде итно одобрение за комбинирана употреба на ремдсивир и лекот за ревматоиден артритис – барицитиниб за лекување на суспектни или потврдени случаи на ковид-19.
Ремдесивирот како лек против ковид-19 го одобри и Европската Унија на 3 јули годинава.
Инаку, за набавка на лекот ремдесивир во Македонија за лекување на заболените од ковид-19, според премиерот Зоран Заев планирани се 67,5 милиони денари од Буџетот.

Македонија бара 3.600 дози од спорниот Ремдесивир, еве колку ќе чини тоа

Министерството за здравство за „Слободен печат“ минатиот месец соопшти дека доставиле барање за 3600 дози од лекот Ремдесивир, односно за период од 6 месеци, по цена од 345 евра која е еднаква за сите 36 земји кои го потпишаа Договор за заедничко купување на лекот со компанијата „Гилиад“.

Во Македонија лекот се користи исклучиво при болничко лекување на пациентите на државните клиники, а многу граѓани во изминатиов период се обидоа да го набават од Косово и од Турција за лекување на своите блиски хоспитализирани на приватните клиники во Скопје.

 

Здравјето нема цена, но иако успеете да соберете најмалку 12000 евра за лекување во приватна болница не значи дека ќе го добиете лекот

„Фавира“ достапен и за Македонците на црниот пазар во Косово за 500 евра!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот