Рекорден број: 6.360 новозаразени со коронавирус во Русија

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Русија денеска пријави 6.360 нови регистрирани случаи на коронавирус, што е најголем број на новозаболени во земјата во едно деноноќие. Властите пријавија дека вчера починале 66 луѓе од коронавирусот, што е најлошиот ден во земјата во однос на смртни случаи. Повеќе од половина од починатите биле во Москва.

Според глобалната база на податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс, во Русија има над 75 илјади потврдени случаи на коронавирус, а од болеста досега починале 681 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот