Реџепи: Ќе прифатам да се укине техничката влада ако сите гласаат за уставни измени

Скендер Реџепи- движење на народот / Фото „Слободен печат“- Методи Здравев

Претседателот на Движењето на народот, Скендер Реџепи-Зејд пред почетокот на лидерската средба во изјави дека не очекува некоја драстична промена оти, како што рече, има дијаметрални спротивни ставови околу изборите.

-Не очекувам некоја драстична промена или одлука од денешниот состанок од причина што има дијаметрални спротивни ставови околу изборите и Изборниот законик – рече Реџепи.

Тој ќе ќе го поддржи барањето на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката Влада само ако сите присутни на лидерската прифатат измени на Уставорт.

-Меѓутоа, евентуалното барање на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката Влада би го поддржал, без друго, под услов првенствено сите денеска да одлучиме за уставни промени, со тоа што ќе одиме на нови избори. Со уставни промени за една европска Македонија – рече Реџепи.

Тој верува дека ќе има согласност за изборите да се одржат околу мај.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот