Реџеп Селими патува за Хаг – за овој припадник на поранешната ОВК има обвинение

Фото: Facebook/Rexhep Selimi

Специјалниот суд во Хаг го потврди обвинението на шефот на парламентарната група Движење Самоопределување и поранешниот припадник на ОВК Реџеп Селими.

-Чувствувам обврска да ве известам дека утре ќе отпатувам во Хаг (Холандија) за пред се да се соочам со овој предизвик кој е поставен пред Ослободителната војска на Косово – порача Селими во објавата на Фејсбук.

Вели дека во Хаг оди „со крената глава“, но дека и така ќе се врати, зошто „бил, е и ќе биде војник на Ослободителната војска на Косово за која сум подготвен да дадам се од себе“, пренесува Коссев.

Реџеп Селими потврди дека уште на 10 ноември 2019 година му е врачен повик од Специјалниот суд за следната недела, како и дека е повикан во својство на осомничен.

Специјалното обвинителство на Косово денеска со поддршка на ЕУЛЕКС и Косовската полиција спроведе операција во куќата на поранешниот претседател на косовското собрание Јакуп Красниќи, некогаш еден од клучните фигури на ОВК.

Иако се уште нема официјална потврда од Хаг, луѓе блиски до Красниќи како и неговиот адвокат потврдија за приштинските медиуми дека Красниќи е уапсен и дека тргнал за Хаг со назнака дека обвинението против него веќе е потврднео.

Во меѓувреме секретарот на здружението на воени ветерани на ОВК Фатон Клијинаку изјави за Канал 10 дека постои информација дека силите на Специјалниот суд спроведуваат претрес во куќата токму на Реџеп Селими, како и Азем Суља. Меѓутоа оваа информација ја демантираше Бота Сот, повикувајќи се на свои извори блиски до Самоопределување.

Селими во вечерашната објава на Фејсбук не спомена дкеа има претрес во неговата куќа.

Се очекува трансферот на Јакуп Красниќи во Хаг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот