фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Барселона се трите највредни фудбалски клубови во светот

Четврта година по ред, шпанскиот гигант Реал Мадрид е на врвот на листата на највредни фудбалски клубови во светот, со проценета вредност од 6,75 милијарди долари, што е за два проценти повеќе од минатата година, објави во саботата бизнис магазинот „Форбс“.

Реал Мадрид стана првиот фудбалски клуб што заработил 1 милијарда долари за една година, откако оствари рекордни 1,13 милијарди долари приходи во сезоната 2023/24, додаде Форбс.

Англискиот Манчестер јунајтед е втор на листата на Форбс со проценка од 6,6 милијарди долари, откако оствари приход од 834 милиони долари во сезоната 2023/24.

Ривалите на Реал од Ла Лига, Барселона, се на третото место, проценети на 5,65 милијарди долари, додека Ливерпул и Манчестер сити се на четвртото и петтото место. Шести е Баерн Минхен, а потоа следува ПСЖ.

„Форбс“ именуваше шест тима од Премиер лигата меѓу 10 највредни тимови, а по ПСЖ следуваат Арсенал, Тотенхем и Челси.

– Заедно, 30-те највредни фудбалски клубови вредат повеќе од 72 милијарди долари, или просечно 2,4 милијарди долари, што е за пет проценти повеќе од рекордните 2,26 милијарди долари во 2024 година – стои во објавата на Форбс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот