Реал идната сезона ќе има страшен тандем во нападот Мбапе-Халанд?!

Ерлинг Халанд е еден од најдобрите напаѓачи на светот/ фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Реал Мадрид постигнал усмен договор со претставниците на Ерлинг Халанд и на лето ќе биде во најдобра позиција да дојде до потписот со одличниот напаѓач.

Каталонскиот весник „Спорт“ тврди дека претставниците на Реал Мадрид во Монте Карло имале „клучен состанок“ со бразилската адвокатка Рафаела Пимента, која е десна рака на Мино Рајола, агентот на Халанд.

Причината за средбата на претставниците на Реал со Пимента е бидејќи Рајола се наоѓа во Милано каде се опоравува од малиот оперативен зафат.

На средбата во Монте Карло начелно е договорено Реал Мадрид да има приоритет во преговорите иако е нагласено дека последниот збор за евентуалниот трансфер ќе го има самиот фудбалер.

Според „Спорт“ Реал Мадрид нема да има никакви проблеми со Борусија Дортмунд да се договори околу отштетата бидејќи двата тима имаат добри односи и соработка. Иако откупната клаузула изнесува 75 милиони евра, Реал ќе се обиде да плати помалку така што во евентуалниот трансфер би го вметнал Лука Јовиќ.
Доколку успее да дојде до потписот со Халанд, Реал Мадрид од следната сезона би требало да има пеколен тандем во нападот бидејќи наводно се е договорено со Килијан Мбапе кој исто така треба да се пресели на „Сантијаго Берднабеу“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот