Реакција на руската амбасада поради протерувањето на уште шест дипломати од државава

Руска амбасада во Скопје/Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

– Без да се најави реакцијата на руската страна на овој непријателски чекор, истакнуваме дека неговите последици ќе имаат сериозно влијание врз односите меѓу Русија и Северна Македонија. Посебно сакаме да нагласиме дека обвинувањата се целосно неосновани, наведува руската Амбасада на својата официјална Фејсбук страница.

Во реакцијата на Амбасадата се наведува дека „руските дипломати никогаш не се мешале во внатрешните работи на Северна Македонија и не извршувале дејствија што ја прекршуваат Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година”.

– Убедени сме дека таквата практика е спротивна на стремеж на народите на нашите земји за конструктивна соработка, нема перспектива и води кон конечно деградирање на билатералните односи. Се разбира, руската страна ќе преземе мерки, не нужно симетрични, но чувствителни, како одговор на овој чекор, како и на прогласувањето на петмина дипломати на Амбасадата „personae non grataе” на 28 март годинава, наведува Амбасадата.

Северна Македонија на 28 март прогласи за персона нон грата петмина руски дипломати, а денеска дополнителни шестмина, поради, како што наведе МНР, извршувале активности што се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот