Реакција на БЕСА за извештајот на Фридом Хаус: Ќе нема корупција, кога ќе ja нема ДУИ

Опозициската партија БЕСА остро реагираше по последниот извештај на Фридом Хаус каде се посочува дека државава има назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата.  БЕСА ја обвини ДУИ за коруптивни дејства поради кои полошкиот регион останал без патишта и развој.

-Како да го читаме извештајот на Фридом Хаус, каде се оценува дека Македонија е зафатена од корупција? Еве објаснување: ДУИ ветува дека ќе асфалтира патишта низ полошките села и висорамнини. Но зошто 22 години не ги асфалтираа патиштата? Го зедовме Тетово од ДУИ, без инвестиции затоа што се украдени инвестициите. Ова е корупцијата на ДУИ, на Али, Артан и Бујар, кои не оставија без развој и без пат. Патиштата и развојот ќе донесат коалицијата ВРЕДИ и претседателот Таравари. Да речеме дека ќе нема корупција, кога ќе ja нема повеќе ДУИ!, реагира БЕСА.

Најновиот извештај на Фридом Хаус нотира дека во Македонија е присутна дологтрајна корупција на високо ниво па ја рангираше државата како „цикличен хибрид“, што се карактеризира со редовни промени во владејачката елита коишто не дозволуваат со време да дојде до суштинска структурна промена.

Муцунски: Фридом хаус ја квалификува Македонија како цикличен хибрид, криминалот и корупцијата се главен проблем

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот